Рецепт за домашни фереро бомбици

Не постои некој којшто нема да го сака овој десерт.

Состојки:

100 гр. наполитанки од лешник

150 гр. лешник

200 гр. чоколаден крем(нутела)

150 гр. чоколада за готвење

4 ½ лажици масло

По желба: ореви, чоколадни трошки, ф`стаци

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги лешниците во тава, па ставете ги во рерна околу 8-10 минути. Извадете ги, оставете ги да се изладат, а потоа исечкајте ги.

Скршете ги наполитанките, додајте сечкани лешници и нутела и соединете ја смесата. Земајте по една лажичка од смесата, обликувајте топчиња и оставете ја смесата да се стегне околу 15-30 минути. Стопете чоколада и ставете врз бомбиците. По желба, додајте лешници, ореви, ф`стаци и чоколадни трошки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e