Овој леб ќе биде подеднакво вкусен, без оглед на тоа што во него недостасува квасец.
Се прави многу брзо и едноставно, а тајната состојка која му дава мека и воздушеста текстура, во овој случај, е прашокот за пециво.
Потребни состојки:
За ферментација:
– 280 мл. ладно млеко
– 200 гр. бело брашно
За тесто:
– 150 гр. брашно
– 25 гр. прашок за пециво
– 25 гр. путер
– 1 лажичка сол
– прстофат шеќер
Начин на подготовка:
Помешајте го млекото и брашното (280 мл. ладно млеко со 200 гр. бело брашно), па покријте го садот и оставете да отстои 30 минути.
Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки: брашното, прашокот за пециво, путерот, солта и шеќерот, па по 30 минути додајте ги во садот каде што претходно сте ги измешале млекото и брашното. Добро промешајте додека состојките не се соединат и тестото да биде без грутки.
Загрејте ја рерната на 210 Целзиусови степени, а тавата во која ќе го печете лебот премачкајте ја со масло. За да се задржи влажноста, а тестото да биде помеко, тавата пред печењето прекријте ја со хартија за печење.
Печете 30 минути, па потоа тргнете ја хартијата за печење и оставете го лебот во рерна уште 10 минути.