Прочистете го организмот со овие пијалоци

Внесувањето на течности е неопходно за организмот, особено во летниот период. Збогатете ја обичната вода со некоја од следните состојки кои имаат позитивно влијание врз вашето здравје.

Вода со цимет

Измешајте лажичка цимет во малку вода и секогаш кога ќе пиете вода, додајте по малку од оваа течност. Покрај одличниот вкус, циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и холестеролот.

Вода со лимон

Киселоста на лимонот помага на телото да го врати својот природен PH баланс. Комбинацијата лимон и топла вода го буди црниот дроб и поттикнува исфрлање на токсините од телото.

Вода и зачини

Додајте неколку листови босилек или нане во флаша вода и оставете да отстои преку ноќ. Нането го смирува дигестивниот тракт и се препорачува доколку имате проблеми со стомакот. Наутро може да додадете неколку капки лимон и ќе добиете освежителен пијалак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e