Природно и ефикасно: Како да го ублажите убодот од комарец?

Користите разни апаратчиња и спрејови но тие успеваат да ве заштитат и повторно имате убоди од комарци по телото? Еве неколку совети кои можат да го ублажат убодот и досадното чешање:

Загреана вода или топло лажиче. Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при повисоки температури. Стоплете една лажичка или натопете мека крпа со топла вода и ставајте облоги на местото од убодот.

Многу ладна вода или мраз. Ладната вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото од убодот, па така да го спречат ширењето на течноста што комарецот ја вбризгал во вас. Ова е добра стратегија доколку имате силно сврбење на местото.

Лимон. Киселината која ја содржи може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето. Вреди да се обидете.

Кора од банана. Излупете една банана и употребете ја кората. Поставете ја на кожата допрена со внатрешната страна. После половина час, би требало да почуствувате разлика.

Сода бикарбона. Измешајте малку сода бикарбона и вода. Со овој микс премачкајте го местото и оставете барем 15 минути, потоа исплакнете и местото ќе биде смирено.

Паста за заби. Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши, а потоа исплакнете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e