Во народната медицина, валеријаната е позната како средство кое ги опушта нервите и ја ублажува депресијата, но всушност оваа билка е лек за уште многу други здравствени проблеми.
Валеријаната е природен антидепресив, седатив, хомеопатик, аналгетик, антидот, антиимфламаторик, антиспазмотик, диуретик, тоникум и антиоксидант.
Ова растение се користи во народната медицина уште од времето на дамнешна Грција, па сè до денес.
Тинктурата од валеријана го ублажува хроничниот умор, главоболката, желудочните тегоби, стравот и хипохондријата, ги ублажува симптомите на астма и болките во мускулите, но и помага во регулирање на крвниот притисок. Покрај тоа ги отстранува и менструалните болки.
Валеријаната се препорачува и за лекување на зависност, а особено е корисна за одвикнување од пушењето цигари.
Припрема на тинктура од валеријана
Во стаклено шише од 1,5 литри, ставете 1 литар 40% алкохол, а потоа додајте 50 грама иситнет корен од валеријана и оставете да отстои 10-12 дена. Вака подготвената тинктура чувајте ја на темно место.
Тинктурата се консумира со вода или шеќер. На една лажичка шеќер капнете 30-тина капки и консумирајте 2-3 пати дневно.