Придобивките на благиот компир

Сладок компир или батат e дикотиледонско растение од фамилијата повивки. Неговите скробести слатки кртоли се важен коренест зеленчук во исхраната на разни народи. Младите листови и фиданки понекогаш се консумираат како зелје. И покрај називот, слаткиот компир не е близок сродник на компирот.

Растението е билен повеќегодишен ползавец со наизменични срцевнидни или длаковидно назабени листови и сраснатовенечни цветови со средна големина. Коренот (кртулата) е издолжен и зашилен и има мазна лушпа чија боја може да биде жолта, портокалова, црвена, кафеава, виолетова или драп. Внатрешноста може да биде нијанса од драп до бела, црвена, розова, жолта, портокалова или виолетова. Сортите со бела и светложолта внатрешност се понеутрални по вкус, додека црвените, виолетовитеи портокаловите се послатки.

Покрај скробот, слаткиот компир содржи сложени јаглехидрати, прехранбени влакна, бета-каротен (витамин А, витамин Ц и битамин Б6. Розовите, жолтите и зелените сорти имаат највеќе каротен.

При споредувањето со другите зеленчуци, утврдено е дека слаткиот компир е на прво место по содржината на прехранбени влакна, сложени јаглехидрати, белковини, витамини А и Ц, железо и калциум, далеку над обичниот компир. И покрај зборот „сладок“, покажано е дека слаткиот компир е добар за дијабетичари бидејќи го стабилизира шеќерот во крвта и ја намалува отпорноста на инсулин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e