Причини поради кои не треба да се плашите од коронавирусот

Коронавирусот кој што досега зарази над 100.000 луѓе и однесе околу 3.500 животи е голем предизвик во здравствена смисла, но не само таму туку и во политичка и економска смисла.
Еве неколку причини и објаснувања зошто не треба да паничите поради коронавирусот.

Може да правиме тестирање

До 13-ти јануари, три дена по објавувањето на секвенцата геном, достапен е доверлив тест кој научниците на одделението на вирологија го развиле со помош на експерти од Ротердам, Лондон и Хонг Конг.

Не може лесно лесно да се заразиме и може да го “убиеме“

Честото и внимателно миење на рацете, како што знаеме сега е најефикасен начин да се заштитиме од пренесување на вирусот додека пак растворите етанол, хидроген пероксид или избелувач ќе ја дезинфицираат површината.

Висок степен на ризик од зараза имаат оние кои што имаат директен физички контакт со некој кој што веќе е заразен, некој кој што кашла, ќива (или пак доколку дојде до контакт со искористена марамица) или пак да бидат на помала оддалеченост од два метра повеќе од 15 минути од оние кои што се заразени. Значи не може да се заразите доколку случајно поминете на улица покрај некој што е заразен.

Знаеме како да му се спротивставиме

Очигледно дека кинеските драконски мерки за заштита и карантин се покажале како ефикасни. Во петокот во Кина забележани биле 99 нови случаи, најниска бројка за шест седмици. Во неколку кинески провинции немало нови случаи ниту по една седмица, а некои сега почнуваат да ги отвораат училиштата повторно.

Постои прототип вакцина

Комерцијалните фармацевтски и биотехничкаи лаборатории, како што се “Moderne”, “Inovio”, “Sanofi”, како и академските групи како оние на Универзитетот во Квинсленд во Австралија – од кои многумина веќе правеле вакцини за слични вируси поврзани со САРС – имаат прототипни вакцини во развој од кои некои веќе ќе бидат подготвени за тестирање на луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e