Практични совети: Како да отстраните мирис на лук или пиперки од рацете

Лукот и кромидот, но пиперките имаат интензивен и иритирачки мирис кој најчесто трае многу подолго. Мирисот знае да се задржи долго на рацете, а особено во делот околу ноктите.

Доколку ви смета овој мирис, пробајте некои од овие совети.

-Рацете тријте ги со лажичка или друг прибор од нер’ѓосувачки челик под млаз ладна вода околу 1 минута. Се смета дека молекулите кои се одговорни за мирисот реагираат во допир со металот и се неутрализираат.
-Помешајте сол со малку вода додека не се направи паста. Истријте ги рацете со оваа паста, измијте ги и исушете ги. -Пастата дополнително ќе направи и пилинг на рацете. Не заборавете да ставите крем после миењето. Доколку немате сол, пробајте и сода бикарбона, шеќер или мелено кафе. Во случај да имате рана на раката избегнувајте сол.
-Натопете ги рацете во сок од домат најмалку 5 минути. Измијте ги со средство за перење садови и ладна вода.
-Исцедете лимонов сок. Натопете ги рацете околу 3 минути, а потоа измијте ги. Доколку немате лимон, може и оцет или течност за испирање уста.
-Можете да искористите и кора од портокал со која ќе ги триете прстите од 2-3 минути.
-Истријте ги прстите со путер од кикиритки или со паста за заби.
-Кога миете раце користете ладна вода. Топлата вода ги отвора порите во кои се вовлекува непријатниот мирис.

Можете да користите и хируршки ракавици при готвењето, или лупењето на пиперки при подготовка на зимницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e