Последици од недоволно внесување вода во организамот

Истражувањата покажуваат дека благата дехидратација може да има лошо влијание врз здравјето, расположението и нивото на енергија. Затоа е важно да пиете доволно вода и да ги препознаете првите знаци на дехидратација.

Нашето тело се состои 60% од вода која секојдневно ја губиме преку урина, потење и дишење. Доколку не пиете доволно вода, мозокот ќе почувствува дека телото дехидрира.

Појава на брчки

Ако не пиете доволно вода, организмот е изложен на забрзан процес на стареење што доведува до појава на брчки.

Умор

Истражувањата покажувааат дека благата дехидратација може да доведе до чувство на умор и поспаност.

Проблеми со бубрезите

Дехидратацијата доведува до зголемување на киселините и токсините во телото што го зголемува бројот на бактерии во бубрезите, а тоа поттикнува создавање на инфекции и воспаленија.

Главоболка и спор метаболизам

Освен честите главоболки, доколку не пиете доволно вода ќе имате и спор метаболизам. Истражувањата покажуваат дека водата му помага на телото да согорува калории и да слабее.

Пад на концентрацијата

Телото има потреба од вода за да функционира нормално. На секој час треба да пиете две чаши вода или повеќе, доколку тренирате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e