Полнети пиперки со сирење

Септември е месец кој кај сите генерации буди различни емоции. Децата се радуваат за почетокот на новата учебна година, со нив и родителите, а повозрасните овој месец почнуваат со подготовка на највкусните зимници.

Потребни состојки:

– 1,5 кг. благи пиперки
– 1/2 кг. лути пиперки
– 1,5 кг. сирење
– 2 литри сурутка
– 4 лажици сол

Начин на подготовка:

Сурутката и солта измешајте ги и ставете ги да се варат, а потоа изладете ги. Изрендајте го сирењето, а потоа наполнете ги пиперките.

Наредете ги во тегли, па прелијте ги со сварената и изладената сурутка.

Многу е важно теглите да ги чувате на темно и ладно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e