Велигденските пости се уште траат, па затоа посните јадења кај повеќето семејства се на секојдневното мени.
Подгответе посна пита со праз и збогатете го вашето мени со уште едно вкусно посно јадење.
Потребни состојки:
– 500 гр тенки кори
– 1 поголем праз
– 1 компир
– масло, сол и бибер
– кисела вода
Начин на подготовка:
На масло пропржете го празот исечкан на кругови. Додајте го изренданиот компир. На крај, додајте сол и бибер.
Една кора раширете ја на масата, пропрскајте со кисела вода и наредете од филот, па свиткајте ја во ролна. Наредете ги ролните на предходно намачкан плех.
Печете на 200 степени, околу 30-40 минути.