Овошните јогурти полоши од газирани пијалаци

Анализите на повеќе од 900 јогурти на британскиот пазар откриваат загрижувачки податоци – голем дел од нив содржат високо ниво на шеќер, често поголемо дури и од некои газирани пијалаци. Според истражувањето објавено во научното списание „BMJ Open“, таканаречените „органски јогурти“ биле меѓу најзасладените, со просечни 13,1 грам шеќер на 100 грама производ, што е повеќе од содржината во класична газирана кола, која содржи 9 грама шеќер на 100 грама.

Највисоко ниво на шеќер, дури 16,4 грама на 100 грама, е забележано кај јогурт-десертите, особено кај производи како чоколаден мус. Детските јогурти, пак, просечно содржат 10,8 грама шеќер, што е еквивалентно на околу две коцки шеќер. Стручњаците предупредуваат дека јавноста често се залажува дека консумира здрави производи, додека всушност внесува високи количини шеќер преку јогуртите.

Според истражувачите, само природните и грчките јогурти можат да се класифицираат како нискокалорични и со мала содржина на шеќер, и тие остануваат препорачан избор за оние кои внимаваат на здравјето и исхраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e