Oвој хормон прави хаос во женското тело: Депресија, опаѓање на косата…

Вредноста на овој хормон може да варира во текот на животот на жените.

Ни звучи неверојатно дека главниот машки полов хормон – тестостеронот, исто така е присутен и во женскиот организам. Меѓутоа, тоа е нормална состојба и не би било нормално доколку истиот го нема кај жените. Неговата вредност варира во текот на животот на една жена.

Доколку неговото ниво се зголеми, може да дојде до зголемено растење на влакна по телото, но и опаѓање на косата и неплодност.

Жените кои што ќе забележат некој од овие проблеми итно треба да посетат гинеколог, поради тоа што прво секогаш ги гледаме промените во изгледот.

Сепак, гинекологот е вашиот вистински доктор со кој треба да се консултирате за ова пореметување.

Зголеменото ниво на тестостеронот забележан е и кај синдромот на полицистични јајници со кој што оди и инсулинската резистенција, намалена вредност на т.н. добар холестерол, раст на триглицеридите и лош холестерол и слично.

Намаленото ниво на тестостеронот доведува до зголемена раздразливост и чувствителност, проблеми со концентрација и помнење, несоница и депресија.

Лечењето на овие пореметувања треба да се набљудуваат внимателно, исклучително според советите од докторот кој што ќе ја земе предвид целата медицинска слика на секој пациент пред да му се даде било каква терапија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e