Овој антиоксидант го чисти телото од отрови и спречува најтешки заболувања

Пролетта пристигна, а со неа и поголемата потреба за намирници кои се во состојба да го закрепнат целиот организам по исцрпувачката зима.

Селенот е есенцијален минерал кој во организмот се наоѓа во траги, но истиот е неопходен за живот и нормално функционирање на организмот. Медицински гледано, микроелементите (или елементите во траги) му се потребни на телото во исклучително мали количини, помалку од 50 мг. на ден. Недостигот од тие елементи, од друга страна, може да предизвика сериозни физиолошки проблеми и нарушувања во нашиот организам.

Иако е многу потребен за човечкото здравје, овој минерал е откриен и признат дури во 1970-те години. Истражувањата покажуваат дека е неопходен по 40-та година за телото нормално да функционира.

Улогата на селенот во организмот

Овој минерал штити многу системи во организмот од оксидативни оштетувања. Селенот штити од штетното делување на слободните радикали и стресот, има антивирусно дејство, ја поттикнува циркулацијата и придонесува за подобра работа на метаболизмот.

Ја регулира работата на тироидната жлезда

Истражувањата покажале дека метаболизмот на тироидната жлезда е тесно поврзан со нивото на селен во организмот. Овој минерал дејствува така што го поттикнува производството на активни хормони на тироидната жлезда.

Го прочистува организмот од токсини и тешки метали

Токсините и тешките метали негативно се одразуваат на вашето здравје, а тука може да помогне селенот. Тој ги врзува за себе токсините и со тоа помага во нивна елиминација од организмот.

Го зајакнува здравјето на срцето

Ниското ниво на селен во организмот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Познато е дека овој минерал има антивоспалителни својства и ја поттикнува циркулацијата и протокот на крвта, со што ги зајакнува крвните садови и го штити здравјето на срцето.

Вака ќе препознаете дали имате недостиг од селен:

– исцрпеност и умор
– хронична настинка
– хипотиреоза
– ослабено помнење
– лоша концентрација
– опаѓање на косата
– депигментација на кожата и ноктите
– неплодност
– слаб имунитет
– забавено зараснување на раните

Еве во кои намирници го има во изобилие:

– бразилски ореви (најбогатиот извор на селен во храната)
– сончогледови семки
– банани
– грозје
– зрнесто овошје
– чиа семе
– овес
– интегрален ориз
– јачмен
– лук
– кокос

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e