Овие токсични навики ви ја трошат енергијата, ослободете се од нив

Дали се чувствувате како да ви недостасува енергија и мотивација? Дали ви е познато чувството по работен ден да немате енергија ниту за семејството, партнерот, но ниту за себе и пријателите?

Причината за недостаток на енергија може да биде скриена во самите вас, во негативните уверувања и токсични навики.

Набљудувајте се себеси неколку дена, запишувајте на што го трошите вашето време, што ве прави среќни, а што несреќни. Проверете дали во вашите навики ги имате и овие три кои се токсични.

1. Озборувања, жалења, осудувања

Доколку озборувате, осудувате некој или постојано учествувате во разговори во кои се водат полемики за туѓите животи, тогаш вашата енергија е загрозена. Таквите разговори ја црпат позитивната енергија и потоа се чувствувате изморено, празно и незадоволно.

Заменете ја токсичната комуникација со некоја конструктивна, сменете го разговорот во друг правец, не поддржувајте ги таквите разговори.

2. Вклученост во туѓи ситуации, негативни настани

Важно е околу себе да направите енергетски штит за туѓата негативна енергија да не ја „впивате“ во вашетo енергетско поле. Секогаш треба да имате развиена емпатија и да им помагате на другите, но доколку премногу се оптоварувате со туѓите проблеми тогаш вие привлекувате негативна енергија.

3. Фокусирајте се на решенија, а не на проблеми

Доколку повторно секогаш се фокусирате на една иста ситуација и повторно размислувате дали нешто друго сте можеле да кажете за да избегнете грешка… Враќањето во минатото и деталното анализирање на проблемите нема да ви помогне. Наместо на проблемот, почнете да размислувате на решението. Направете стратегија да ја решите ситуацијата и чекор по чекор проблемот повеќе нема да биде присутен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e