Овие природни намиирници ја намалуваат надуеноста и го чистат организмот од токсини

Честопати сакаме да изедеме вкусна пица или помфрит и хамбургер во комбинација со некој ладен газиран пијалак, а потоа да изедеме и нешто слатко како чоколадо или сладолед. Па, токму поради тие денови неопходно е секогаш на менито да имате нешто што може да помогне тие моменти на задоволство да не завршат лошо за организмот.

Кога консумирате големи количини на нездрава храна, која е богата со лоши масти, соли, шеќери, вештачки бои и ароми, вашето тело има тешко и долготрајно варење, а како резултат на тоа се јавува производство на големи количини на токсини. Во обид да ја неутрализира зголемената киселост, вашето тело задржува течности, предизвикувајќи да се чувствувате отечени и да се здебелите.

Но, храната богата со калиум и вода ќе ви помогне во отстранување на вишокот натриум (сол) од вашето тело, па затоа јадете што повеќе диња, грозје, портокали, спанаќ, авокадо и сладок компир.

Јогуртот, освен што е богат со калиум, ќе помогне да се воспостави балансот на добрите бактерии во цревата. Јадете обичен јогурт или додајте неколку цреши или боровинки, кои се богати со антиоксиданти, или неколку јаткасти плодови богати со омега 3-масни киселини.

Обидете се да внесувате поголема количина вода, но и зелен чај со ѓумбир и лимон. Ѓумбирот ќе ви помогне во намалување на чувството на надуеност.

Изберете рибји филети богати со омега-3 масни киселини кои докажано се борат против токсините поради своите антиинфламаторни својства.

Салатата со црвен грав, која е богата со калиум и влакна, е исто така идеално јадење за детоксикација на организмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e