Овие намирници ќе ви помогнат да го исчистите и регенерирате црниот дроб

Денеска ви претставуваме 10 намирници кои ќе ви помогнат да го исчистите и регенерирате црниот дроб, како и да помогнете во негово здраво функционирање.

Еве за кои намирници станува збор:

Јаболка

Јаболката се богати со пектин кој му помага на телото да ги исфрли токсините од дигестивниот тракт.

Зелен чај

Зелениот чај помага токсините и депонираните маснотии да се исфрлат од организмот и ја зголемува хидратацијата на телото.

Авокадо

Авокадото е богато со важни состојки кои играат клучна улога во намалување на оштетувањата на црниот дроб.

Лук

Лукот ги активира ензимите во црниот дроб и помага во отстранување на токсините од целото тело.

Грејпфрут

Грејпфрутот е добар извор на витамин Ц, антиоксиданти и пектин.

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук поттикнува создавање и нормален проток на жолчен сок, кој помага во отстранување на отпадните материи и вишокот холестерол од телото.

Лимон

Лимонот го чисти црниот дроб и е полн со антиоксиданти. Препорачуваме да го започнете утрото со чаша млака вода со исцеден сок од половина лимон. На тој начин ќе го исчистите и го забрзате целиот метаболизам.

Кромид

Кромидот е богат со алицин и помага да се исфрлат токсините од црниот дроб и дигестивниот тракт.

Цвекло

Цвеклото е богато со бета-каротен и растителни флавоноиди, кои помагаат во стимулирање и подобрување на функциите на црниот дроб.

Ореви

Оревите се богати со омега-3 масни киселини како и аминокиселините аргинин и глутатион, кои помагаат во нормалното функционирање на црниот дроб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e