Овие намирници ја зголемуваат плодноста кај мажите и жените

Една диета, според резултатите на новото големо истражување, ја зголемува плодноста кај мажите и жените.

Станува збор за медитеранската исхрана, која е една од најпопуларните во светот.

Медитеранската диета поттикнува консумација на намирници како цели житарици, риба, маслиново масло, зеленчук и јаткасти плодови, додека ограничува црвено и преработено месо.

Имено, оваа диета го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го намалува ризикот од смртност и има бројни здравствени предности.

Резултатите од новото истражување спроведено на Универзитетот во Јужна Австралија, велат дека антивоспалителните својства на оваа популарна диета исто така ги зголемуваат шансите за зачнување со поттикнување на плодноста кај жените, но и кај мажите.

„Придржувањето до оваа исхрана е генерално поврзано со подобрени исходи на плодноста кај жените и мажите за кои се смета дека се јавуваат со посредство на антивоспалителните патишта“, се наведува во истражувањето.

Еден од главните автори на студијата, Еванџелин Манциорис, истакнала дека со ова истражување сакале да утврдат дека исхраната која го намалува воспалението може да ја подобри плодноста.

„Охрабрувачки е што пронајдовме доследни докази дека со придржувањето до антивоспалителна диета, онаа која вклучува многу незаситени или здрави масти, флавоноиди како што е лиснатиот зелен зеленчук и ограничени количини на црвено и преработено месо, можеме да ја подобриме плодноста“, навела Манциорис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e