Оваа намирница може да спречи многу смртоносни болести

Сите знаеме дека темното чоколадо е здраво, но експертите соопштија дека токму тоа може да спречи смртоносни болести и да биде голема помош за нашиот мозок.

Темното чоколадо содржи 70 отсто какао, а истото е многу здраво, поттикнувајќи го мозокот и кардиоваскуларниот систем, зголемувајќи го протокот на крв и намалувајќи ги воспаленијата – покажало најновото истражување.

Тоа исто така влијае и превентивно на карциномот, срцевите болести, дијабетес, деменција и депресија.

Ова чоколадо го зголемува протокот на крв, помага во работата на мозокот, влијае на памтењето, стресот и расположението. Тоа е богато со какао, а експертите го нарекуваат ‘суперхрана’ и порачуваат колку што концентрацијата на таа состојка е поголема, толку нејзиното влијание е попозитивно.

Минатата година едно италијасно истражување на научници покажало дека темното чоколадо го зголемува протокот на крвта во клучните делови на мозокот, го подобрува помнењето.

За разлика од ова слатко задоволство, млечното чоколадо е преполно со масти, заситени киселини, холестерол и шеќер кои што штетно влијаат на нашиот организам.

Секако и темното чоколадо мора да го јадете умерено – еден ред чоколадо дневно е доволно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e