Оваa билка лекува многу болести но го поттикнува и слабеењето

Во природата се крие лек за секој проблем. Доколку ве мачат цисти и миоми, оваа билка е најдобра. Билкарите тврдат дека 30% од гинеколошките операции може да се одбегнат со употреба на овој чај.

За билката Бисерок (вркута) не случајно се вели дека е најдобриот пријател на жените. Исклучително е лековита и помага кај воспаленија, неплодност и крвавење.

Името Alchemilla потекнува од арапскиот збор “alkemelych” (алхемичар), а билката го добила од старите писатели поради своите големи исцелителни моќи.

Старите народи верувале дека оваа билка е најлековита доколку се набере навечер кога Месечината е во последната четвртина. Позната е како вирак, ситна росница и бисерок.

Ги лекува следниве болести

-полицистични јајници
-воспаление на јајници
-вагинални инфекции предицикани од ХПВ
-разни бактериски инфекции
-зголемен секрет (“бело прање”)
-нередовен менструален циклус
-хормонални пореметувања
-ублажување на тегоби од менопауза и ПМС
-менструални болки
-проблем со зачнување
-присуство од ризик за спонтан абортус
-рани на грлото од матката
-рак на дојка
-дијареа
-упорна кашлица
-воспаление на ждрелото
-помага за слабеење
-исфрла вишок течности од телото

Бисерокот содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостерини, салицилна киселина, етерично масло и вистинско богатство од витамин Ц. Поради танините има горчлив вкус, но исто така и моќно антивоспалително и антибактериско дејство.

Еден од потешките проблеми кои ги мачат жените е неможноста да забременат. Бисерокот е најдобриот билковен избор за лекување на неплодност кај жени. Делува како одличен регулатор на хормоните, поттикнува раст на прогестеронот и доведува до поуредна менструација.

Исто така, ефикасно ги топи вишокот килограми и помага кај полицистични јајници. Може да помогне кај слаба матка и да ја заштити трудницата од спонтан абортус.
Според билкарите, секоја жена која тукушто се породила треба да пие чај од Бисерок 8 до 10 дена после пораѓајот. Се препорачува и кај повреди после пораѓај, како и кај спуштен стомак.

Ги уништува бактериите и вирусите

Најновите научни истражувања покажуваат дека Бисерокот спречува раст на многу видови бактерии, вклучително и на стафилококата – бактерија која веќе е отпорна на многу антибиотици. Се смета дека оваа билка има и моќни антивирални својства.

Лековит чај од бисерок

Прелијте една лажичка бисерок во 250 мл зовриена вода, па оставете 5-10 минути поклопено. Потоа процедете и пијте во голтки. Препорачана доза се две шолји чај на ден.

Овој чај е лековит, но потребна е упорност. Најдобро е да се пие и до 4 месеци во континуитет за да исчезнат проблемите.

Напомена: После 4 месеци употреба се препорачува пауза од минимум 2 месеци. Исто така, лицата кои имаат проблем со желудник, црн дроб или жолчна кеса, би требало да го пијат овој чај во помали доза или под контрола на лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e