Бијонсе донесе голем пресврт во светот на шоу бизнисот, модата и убавината, кога станува збор за сфаќање и прифаќање на женското тело. Имено, таа покрај неколку познати ѕвезди ги „врати“ облините во светот на модата.
Иако делува дека пејачката изгледа одлично без многу труд, тоа е секако далеку од вистината. За среќа, Бијонсе е многу отворена кога станува збор за нејзината фитнес рутина и режим на исхрана, па неретко споделува совети.
Во продолжение ви го претставуваме деталниот план на нејзиниот тренинг, како и исхраната.
Бијонсе припаѓа на ендоморфен тип на градба, што значи дека има повиско ниво на масни наслаги од останатите градби, но исто така лесно ги оформува мускулите. Токму затоа нејзиното дневно мени се состои од протеини и здрави масти (риба, маслиново масло), многу зеленчук и овошје.
„Избегнувам јаглехидрати, а моите оброци се состојат од 20-25 отсто јаглехидрати, 45-50 отсто масти и 30 отсто протеини“, вели пејачката.
Во текот на припремата за настапи, Бијонсе не држи стриктни диети, но во тој период се придржува до веганската исхрана. На самите настапи и турнеи не јаде брза храна туку консумира бадеми, зелен лиснат зеленчук и овесни колачи.
Вака изгледа дневното мени на Бијонсе:
Појадок: кајгана од белки, смути од зеленчук или житарици од цело зрно со млеко.
Ручек и вечера: комбинација од зеленчук со риба или помалку масно месо. Бијонсе избегнува црвено месо.
По тренингот, поп дивата консумира смути од смрзнато овошје, бадемово млеко, протеин во прав и зелен лиснат зеленчук. Еднаш неделно таа си дозволува да јаде што сака, а најмногу ужива во пица.
Фитнес рутината на Бијонсе
Во текот на годините, пејачката менувала повеќе видови на тренинзи според потребата на своето тело, но на некои рутини останала верна како танцувањето со часови и вежбањето со тегови со помала тежина.
Пред настапите, Бијонсе вежба интензивни кардио тренинзи заедно со личен тренер, а во нив спаѓаат вежби со тегови, медицинска топка, а за да остане флексибилна задолжително е и истегнувањето.
Она што пејачката и сама го напоменува е, дури и кога има многу обврски, секој ден издвојува време за мини тренинг во кој прави клекнувања, планк, склекови и згибови.