Ова е листата на овошја и зеленчуци кои се најмногу третираат со пестициди

Шведските научници докажаа дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се акумулираат во телата на децата и возрасните.

Меѓутоа, ако не консумираме храна загадена со пестициди само две недели, нивото на овие токсини во нашето тело паѓа на нула.

Еве зошто е важно да избегнувате храна третирана со пестициди:

Здравјето на мозокот: Еден труд од 2008 година наведува дека голем број пестициди се сметаат за невротоксини кои можат да влијаат на мозокот на цицачите и луѓето. Истражувањата покажаа дека постои силна поврзаност помеѓу изложеноста на пестициди и Паркинсоновата болест – хронично и прогресивно нарушување на движењето.

Ризик од рак: Во 2015 година, Меѓународната агенција за истражување на ракот ја информираше јавноста дека глифосатот – најкористениот пестицид во светот – веројатно предизвикува рак.

Извештајот од 2011 година покажа дека глифосатот е помеѓу 60 и 100 проценти од причините за загадувањето на воздухот. Во Европа, повеќе од 40 отсто од подземните води се позитивни на глифосат, а Германците овој пестицид го пронашле во човечка урина. Глифосат е пронајден во човечката крв, па дури и во мајчиното млеко.

Здравјето на децата: Децата се поподложни на токсини од возрасните. Американската академија за педијатрија предупреди дека изложеноста на пестициди на рана возраст е поврзана со рак во детството, намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето. Истражувањата покажаа дека децата од предучилишна возраст изложени на пестициди имаат помала издржливост, послаба координација на очите и послаба краткорочна меморија од децата кои не биле изложени на исто ниво на токсини.

За да го намалите ризикот од овие болести, се препорачува да избегнувате купување на овие овошја и зеленчук, освен ако не се органски или произведени во вашата градина (бидејќи знаете колку го прскате овошјето и со што го прскате):

Јагоди
Јаболка
Нектарини
Праски
Целер
Грозје
Цреши
Спанаќ
Домат
Шери домати
Краставица
Бабура
Тестирањето на поединечни јагоди покажало дека тие се прскани со дури 17 различни видови пестициди, додека грозјето и пиперките се прскани со 15 видови пестициди.

Доколку не можете да јадете органска храна или сами да ја одгледувате, ви препорачуваме ЧЕТИРИ начини како да ги измиете овошјето и зеленчукот од пестициди:

Измијте со ладна вода

Истражувањата покажаа дека 70 до 80 проценти од пестицидите може да се измијат од овошјето и зеленчукот само со ладна вода. Важно е овошјето и зеленчукот добро да се тријат со раце под млаз вода. Исто така, треба да обрнете внимание на пукнатините и добро да ги измиете (на пример, јаболко околу стеблото), бидејќи тука обично остануваат пестицидите.

За да се ослободите од пестицидите, овошјето и зеленчукот треба да се мијат под млаз вода најмалку 30 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e