Освежите го телото со намирници кои поттикнуваат детоксикација

За да му помогнете на црниот дроб, нашиот најголем сојузник за прочистување на организмот, треба да го освежите телото со намирници кои поттикнуваат детоксикација.

Лубеницата содржи 92% вода, 6% шеќер и 2% влакна. Од 150 гр лубеница 5% содржи витамин А, важен за здравјето на кожата. 20% од дневните потреби за витамин Ц се задоволени со 180 гр лубеница.

Започнете го денот со свежа лимонада без шеќер бидејќи го стимулира дигестивниот систем. Лимонот го алкализира организмот и го чисти од токсини.

Чајот од коприва е одличен за летна детоксикација. Копривата го прочистува телото и има противвоспалително дејство. Таа влијае позитивно на панкреасот и помага да го намалите шеќерот во крвта. Ја стимулира работата на цревата, го зајакнува имунитетот и ги прочистува мочните канали.

Консумирајте краставица, блитва, марула, моркови секој ден. Направете салата и зачинете ја со маслиново масло и лимон.

Цвеклото е богато со антиоксиданти, витамини, калциум, што го прави да биде одлична намирница за детокс на организмот. Може да направите сок од свежо цвекло, морков, 1 јаболко, парче целер и малку лимонов сок.

Освен што ќе ги внесете овие намирници во вашата храна, треба да бидете физички активни за да ги исфрлите токсините од телото. Времето поминато пред телевизор заменете го со пешачење, трчање, прошетка во природа, возење велосипед итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e