Секој организам е приказна за себе, но постои заеднички именител кога се во прашање намирниците и типот на градба – т.н. “забрането овошје”.
Важно е да одредите каков облик на тело имате – крушка, клин, правоаголник, јаболко или песочен часовник. Откако ќе утврдите во која категорија припаѓате, подгответе се да отстраните одредени намирници од вашето дневно мени.
Песочен часовник
Потрудете се да избегнувате намирници кои имаат висок процент на заситени масти и гликемиски индекс, како простите јаглехидрати: бел шеќер, бел леб, производи од бело брашно, слатки и куповни сокови.
Правоаголник
Во овој случај најдобро е да внесувате намирници кои содржат јод во себе, но имајте предвид дека не сите солени намирници содржат доволна количина од овој минерал. Внесувајте што повеќе добри масти – авокадо, риба, бадеми…
Крушка
Заборавете на незаситените масти и производите од животинско потекло, како и црвеното месо. Внесувајте што повеќе омега-3 масни киселини и во својата исхрана вклучете риба и ленено семе.
Јаболко
Протеинската исхрана во овој случај е добра, но треба да го намалите внесот на намирници кои имаат голема количина на шеќери и млечни масти.