Навики во исхраната поради кои немаме рамен стомак и беспрекорно тело

Понекогаш нашата фитнес цел се чини недостижна, дури и ако работиме напорно и се трудиме да јадеме што е можно поздраво. Нутриционистите велат дека главните виновници за стагнацијата во процесот на слабеење се нашите секојдневни навики, на кои честопати не придаваме голема важност.

Еве што треба да направиме ако навистина сакаме рамен стомак и беспрекорно тело:

Внимавајте на алкохолот

Чаша вино од време на време е навистина добро, но нека биде тоа еднаш на секои две недели. Секојдневна чаша алкохол е извор на непотребни калории, за кои скоро никогаш не размислуваме кога правиме план за дефицит на калории, а понекогаш тие калории се оние што не ги губиме, иако се трудиме.

Заборавете на преработената соја

Можеби сте виделе многу пати дека „фитнес гуруа” користат соја наместо обично млеко во нивните диети, сепак, преработената соја има сличен состав со хормонот естроген, предизвикувајќи надуеност, дополнителна потреба од храна и зголемена тенденција на зголемување на тежината.

Намалување на внесот на кофеин

Иако кофеинот е одличен диуретик, може да доведе до дехидрација на организмот и со тоа ќе предизвика таложење на токсини во организмот што доведува до надуеност.

Подобрете го внесувањето на влакна

Влакната се многу важен дел од нашата диета, но важно е да ги внесувате наутро, кога организмот ќе ги вари многу подобро и ќе го искористи најдоброто од нив.

Ограничете го внесот на месо

Покрај тоа што месото најтешко се разградува во нашето тело, неговото внесување подразбира и потенцијално внесување на нездрави материи, преостанати од животинското месо, како остаток од антибиотици дадени на животни. Најчесто станува збор за хормонални супстанции, кои исто така можат да влијаат на зголемувањето на нашата телесна тежина, па затоа е важно секогаш кога имате можност да купите месо од земјоделци што знаете дека е природно и здраво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e