Научниците прават пресврт во лекувањето на дијабетесот

Пациентот би можел да се излечи за само две недели по промената во клетките!

Научниците од Институтот за клиничка и експериментална медицина во Прага пронајдоа механизам со кој е можно да се репрограмираат клетките што продуцираат инсулин. Со тоа, пациентите заболени од дијабетес тип еден добиваат реална шанса целосно да се излекуваат.

– Истражувањето отвора нови можности за молекуларното лекување на дијабетесот, кое се темели на користење на сопствените клетки на пациентите и нивна безбедна промена во клетки што создаваат инсулин со помош на синтетички медијатори РНА. Постапката е многу сигурна и безбедна, ги користи единствено механизмите на сопственото тело, со кои клетките не можат да се оштетат – објаснува д-р Коблас, член на истражувачкиот тим.

Според него, доколку се оди според планот, кај првите пациенти може да се примени овој метод на лекување по пет години. Притоа, пациентот би можел да се излечи за само две недели по промената во клетките!

Токму за ова истражување д-р Коблас во септември доби значајно меѓународно признание што го доделува компанијата „Новартис“ за иновации во областа на биомедицината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e