Може сами едноставно да си направите гел кој што ќе ги дезинфицира и ќе ги освежи вашите раце, на пример кога сте на патување или пак едноставно кога немате можност да ги измиете вашите раце со вода.
Потребни состојки:
-15 капки масло од чајно дрво,
-5 капки етерично масло од лаванда (или нане, рузмарин) и
-четвртина кафена чажица масло од витамин Е (тоа масло истовремено ја негува и кожата, но служи и како конзерванс).
Сите состојки се мешаат, а потоа во мешавината се додаваат 2 лажици алкохол (70%). На крај сето тоа измешајте го со 100 милилитри чист алое вера гел. Вака подготвениот гел би требало да го потрошите во период од 2 месеци.
За да проверите дали постои ризик од алергија, разредете го етеричното масло со малку маслиново масло па потоа со таа течност измачкајте ја внатрешната страна од вашите дланки и оставете ја течноста 24 часа на вашите раце.
Доколку не се појави никаква кожна реакција тогаш можете без проблем да го користите етеричното масло.