Направете вкусни бомбици од суво овошје

Сувото овошје е одлична замена за омилените слатки без кои повеќето неможат да го поминат денот.

Но исто така сувото овошје може да послужи и како намирница при подготовка на слатки.

Предлог за вкусен и посен десерт.

Потребни состојки:

150 г брусници

150 г суви кајсии

50 г суво грозје

100 г мед

100 г мелени бадеми

80 г мелени бисквити

Лажичка цимет

Сок од портокал, по желба

Начин на подготовка:

Смелете го сувото овошје, додајте мед, цимет, бисквити и бадеми. Измешајте, па од добиената смеса обликувајте бомбици и ставете ги во калап. Оставете ги во фрижидер за да се стегнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e