Направете вкусна крем супа од праз

Оваа крем супа не може да биде поедноставна за припрема, а нејзиниот вкус е фантастичен.

Потребни состојки:

– 2 струка праз (250 гр.)
– маслиново масло
– 1 чешне лук
– 1 прстофат ким
– 2 компири (околу 300 гр.)
– 500-550 мл. вода
– 1/2 кокошја коцка за супа
– малку мускатно оревче
– 1 лажичка путер
– сол, бибер
– магдонос
– павлака за готвење

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го празот на тенки парчиња, па пропржете го 15-тина минути на маслиново масло, на тивок оган. Додајте сол.

2. Во тавата додајте го исечканиот лук и кимот, па се пропржете уште 1 минута.

3. Потоа, додајте го компирот исечкан на коцки, па и него издинстајте го неколку минути.

4. Ставете ја водата, додајте ја коцката за супа, сол и малку мускатно оревче.

5. Поклопете и варете половина час на тивок оган или додека компирот не омекне.

6. Измиксирајте ја супата со рачен миксер, додајте го путерот, биберот, магдоносот и малку павлака за готвење.

7. Оставете да зоврие, а потоа тргнете од оган и послужете додека е топло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e