Направете сочна пита од вишни и пудинг

Пита што ќе ги воодушеви сите

Колку и често да ја правиме никогаш нема да и одолееме.

Потребни состојки:

– 500 гр. кора за пита

– 1 л. млеко

– 200 гр. шеќер

– 3 пудинзи од ванила

– 100 мл. масло за јадење

– 200 гр. гриз

– 200 мл. јогурт

– 1 ванилин шеќер

– 1/2 прашок за пециво

– 3 јајца

– 300 гр. вишни

Начин на припрема:

1. Во тенџере ставете 700 мл. млеко, додајте 7 лажици шеќер и загрејте на оган, а во останатите 300 мл. растворете ги ќесичките пудинг.

2. Додајте ги во млекото и сварете ги.

3. Пудингот префрлете го во сад, додајте 40 гр. путер (по желба), прекријте го со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, припремете го преливот за корите.

4. Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додајте го маслото за јадење, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за пециво. Сето убаво соединете го.

5. Започнете со правењето пита по принцип – 4 кори, на секоја од нив прелив, на 3-та вишни, а на последната пудинг, а потоа замотајте ги во ролат.

6. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот.

7. Ставете во плех и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени, а по желба посипете со шеќер во прав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e