Направете брза и вкусна пица без брашно

Направете брза пица без брашно, пријателите и семејството ќе бидат воодушевени особено оние кои заради одржувањето на линијата не консумираат пици.
Оваа пица е апсолутен гурмански хит и тоа со пилешка основа!

Потребни состојки:

-400 грама пилешко филе,
-1 главица кромид,
-1 јајце, малку сол,
-малку сув зачин,
-маслиново масло,
-1 свежа пиперка,
-2 свежи домати,
-100 грама свежи шампињони и
-150 грама кашкавал.

Начин на подготовка:

Пилешкото филе исечете го на коцки, па мелете го во блендер. Додадете една глава сецкан кромид, јајце, малку сол и сув зачин. Комбинирајте сè добро.

Тавата за пица премачкајте ја со масло, а потоа спуштете ја мешавината од месо, израмнете ја така што ќе ја наполни тавата и печете 20 минути на 200 степени.

Извадете ја тавата за печење од рерна, ставете излупен домат, сецкан свеж домат, свежи шампињони исечени на лисја, свежа пиперка исечена на ленти на месната основа, па посипете со сирење и вратете ја во рерна десет минути да се пече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e