Постојат многу митови за слабеење, а еден од нив е дека не треба да јадете банана кога сте на диета. Напротив, ова вкусно овошје може да ви помогне да се ослободите од несаканите килограми бидејќи содржи калиум кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода во организмот.
Бананите содржат природни шеќери – фруктоза, сахароза и глукоза кои се одличен извор на енергија за вашето тело, па со консумирање на ова овошје се намалува чувството на глад.
Со овие три напивки ќе го забрзате процесот на слабеење:
Банана со ленено семе
Потребни состојки
1 банана
1 портокал
2 лажички сурутка во прав
2 лажички мелено ленено семе
Банана и малини
Потребни состојки
1 банана
1 шолја малини
1 лажичка мед
1 лажичка рендан ѓумбир
Половина шолја млака вода
Банана со спанаќ
Потребни состојки
1 банана
200 г свеж спанаќ
Половина шолја јогурт со ниска масленост
Овесни снегулки
1 лажичка мед
Подготовката за сите три напивки е иста. Ставете ги состојките во бледер и ќе добиете одлична напивка за слабеење.