Напиток кој ја подобрува крвната слика и ја зголемува енергијата

Ако често се чувствувате уморно и малаксано и потребно ви е повеќе енергија, еднаш дневно пијте го овој напиток и ќе се чувствувате многу подобро.

Недостатокот на енергија е честопати последица на анемија која може да се победи на целосно природен начин. Голем број луѓе кои го користеле овој природен лек забележале голема промена – тие се чувствувале поенергично, поодморено, а резултатите покажале и подобрување во крвната слика. Исто така, овој напиток е одличен и во елиминирање на главоболката.

Оваа моќна комбинација ќе се погрижи повторно да се чувствувате одлично.

Потребни состојки:

– половина банана

– 1 мало свежо цвекло

– 1 шака цреши

– 1 шака малини

– 1 мал морков

– сок од половина лимон

– 200 мл. ладна вода

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ја исецканата банана, цвеклото и малините, а потоа додајте ги исчистените цреши, морковот, лимоновиот сок и водата и блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса.

По желба можете да додадете и неколку коцки мраз, за дополнително освежување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e