Aко не пиете кафе, тоа не значи дека мора да бидете поспани и уморни во текот на целиот ден. Кои напитоци можат да ви помогнат да се расоните?
Чај
Чајот е напивка која ќе ве разбуди и расони. Најдобро е да пиете црн чај кој содржи кофеин. Aко не го сакате вкусот на црниот чај, може да пиете и зелен.
Зелено смути
Овој вкусен зелен напиток е полн со здрави состојки кои ќе ви помогнат да се подговите за сите обврски кои треба да ги завршите во текот на денот. Зеленото смути го хидрира телото по долгата ноќ.
Вода со лимон
Ако не ви се пие чај, може да пробате уште една напивка која ќе ве разбуди – вода со лимон. Има одлични придобивки за здравјето, одлична е за здравјето на целиот организам.
Топло чоколадо
Кога надвор е студено, не можете да се одвоите од топлиот кревет. Подгответе си топло чоколадо – оваа напивка ќе ве стопли, но и ќе ви даде енергија за да го започнете денот.