Напитоци кои го уништуваат дејството на лековите

Се случува понекогаш кога пиеме таблети истата да ја внесеме со првиот напиток што ќе ни дојде при рака, но експертите предупредуваат дека тоа не смееме да го правиме.

Велат дека таблетите треба да ги пиеме само со вода на собна температура.

Пијалаците како сокови, кафе, млеко можат да го забават разградувањето на таблетата, покажаа резултатите од лабораториски контролирани експерименти објавени во списанието Saudi Pharmaceutical Journal.

Кога лекот ќе се испие во комбинација со студен пијалак му треба подолго време да се разгради, дури 40 минути, што значи дека можно дури ни цревата да не го апсорбираат лекот правилно или количински доволно, пред да отиде во отпад, што го прави бесмислен.

Истражувачите и експертите предупредуваат дека ни еден друг напиток не би требало да се користи како замена за вода при земање лекови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e