Нутриционистите истакнаа три намирници кои што никако не смее да ги консумирате пред спиење за да не го оптоварите системот за варење на храната и да не ја влошите вашата здравствена состојба.
Не е мал број на оние кои што сакаат да јадат нешто слатко пред спиење, а чоколадото секогаш е првата намирница на листата на омилените слатки.
Тоа што многумина забораваат е дека тоа содржи голема количина на кофеин кој што стресно делува на кардиоваскуларниот систем.
Освен тоа, експертите велат дека главната состојка на кафето е токму кофеинот, а познато е дека тоа никако не се препорачува пред да си легнете.
Се смета дека овој пијалак исклучително делува на надразнувањето на нервниот систем и со самото тоа предизвикува проблеми со спиењето.
Експертите исто така советуваат да не јадете премногу зачинета храна пред спиење. Овие намирници можат да предизвикаат гастричен рефлукс, а истите се влошуваат во оној момент кога телото ќе го поставите во хоризонтална положба.
Покрај тоа, зачинетата храна е богата со хистамини кои што му пречат на вечерниот одмор затоа што ја подигнуваат енергијата.
Пред спиење треба да избегнувате да јадете и немасно месо како што е пилешкото и месото од мисирка.
Нутриционистите потсетуваат дека протеинот кој го содржи месото го стимулира ослободувањето на енергијата.
Нутриционистите истакнале дека честата грешка која ја прават сите кои што се мачат со вишокот килограми е тоа што не спијат како што треба.