Намирници кои ни ја „крадат“ енергијата и поради кои се чувствуваме уморно и депресивно

Експертите велат дека постојат намирници кои ни ја „крадат“ енергијата. Доколку ги јадеме често постои шанса да се чувствуваме уморно, поспано, а понекогаш и депресивно.

Уморот и недостатокот на енергија кои што понекогаш ги чувствуваме, не само кога ги извршуваме секојдневните обврски, туку и додека одмараме, можат да ни создадат проблеми, а причините се многубројни.

Како последица на таквата состојба е и начинот на исхрана, иако понекогаш не помислуваме дека токму тоа може да биде проблемот.

Експертите објаснуваат дека постојат намирници кои што доколку ги внесуваме во поголема количина можат да доведат до чувство на исцрпеност.

Храната од овој список сведете ја на минимум:

Тестенини

Најидеално би било доколку би можеле целосно да ги исфрлите од исхраната и да ги замените со оние кои што се изработени од цели житарки. Оваа храна е богата со јаглехидрати, а исто така може да го зголеми и нивото на шеќер во крвта, па така да предизвикаат лажно чувство на ситост, за после да следи пад на шеќерот во крвта. Поради тоа во еден момент ќе се почувствувате како да имате многу енергија, а потоа ќе следи пад на истата.

Слатки

Баш како и тестенините и слатките работи можат да ја исцрпат нашата енергија и да делуваат на ист начин. Експертите нагласуваат дека не е потребно да ги исфрлите од исхраната зошто шеќерите се неопходни за правилно функционирање на мозокот, но секако дека треба да ги сведете на минимум.

Мрсна храна

Похуваната храна содржи висок процент на масти и низок процент на растителни влакна, што го успорува нивото на нејзиното варење, а со самото тоа се намалува нивото на енергија.

Нискокалорични намирници

Кога ќе дојде време за грицкање некои луѓе посегнуваат по нискокалорични намирници, верувајќи дека тоа е правилен и поздрав избор. Меѓутоа, оваа храна исто така е одговорна за намаленото ниво на енергија во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e