Моќен напиток што ја подобрува крвта и ја враќа енергијата

Ако често се чувствувате како да сте без енергија потребно е во исхраната да вклучите повеќе овошје и зеленчук.

Недостатокот на енергија најчесто е последица на слабокрвност којашто освен со одредени препарат може да ја победите и со моќни намирници како цвеклото.

Дали сте пробале смути од цвекло? Можете несекојдневниот вкус на цвеклото да го маскирате со намирници како цреши, малини, банани, лимон, јаболко и слично, а кои ќе го освежат организмот.

Потребни состојки за смути од цвекло:

-половина банана

-едно мало свежо цвекло

-една рака цреши

–малку малини

-морков

-сок од половина лимон

-вода по потреба

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги исечените состојки заедно со лимонот и водата. Изблендирајте додека не добиете хомогена состојка. Ако сакате дополнително да разладите, ставете неколку коцки лед. Ова е доволно за две чаши смути.

Пијте додека е свежо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e