Меки и воздушести, и нема стоење пред шпоретот!
Потребно:
1 јајце
300 мл млеко
200 г обично брашно
1 лажица масло
екстракт од ванила или ванилин шеќер
прстофат сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Прво, со жица за матење изматете ги јајцата и шеќерот, потоа млекото, маслото и екстрактот од ванила, и на крај брашното. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете околу 15 минути во рерна претходно загреана на 200 степени. Испечените палачинки исечете ги на 6 еднакви делови, потоа премачкајте ги со филот и замотајте ги.