Маска за лице со која вашата кожа ќе блесне

За кожата да изгледа убаво и подолго да го задржи својот младешки изглед, неопходна е секојдневна нега. Дерматолозите препорачуваат, покрај кремите, редовно користење на маски за лице, а секако најдобри се оние кои сами ги правиме.

Лицето трпи големи последици од штетни фактори. Сонцето, прашината, ветерот – сето тоа го нарушува изгледот, па затоа направете ја оваа маска и регенерирајте ја кожата на лицето.

Чистите пори гарантираат блескава кожа, а кога ќе ја сместите оваа маска во својата бјути рутина, ќе забележите драстична разлика.

Потребни состојки:

– 2 лажички овесни снегулки

– 1 лажичка сода бикарбона

Начин на припрема:

Сомелете ги овесните снегулки во блендер, а потоа додајте 1 лажичка сода бикарбона и неколку капки вода за смесата да се соедини, но внимавајте да не ја разредите премногу.

Добиената паста нанесете ја на лицето и оставете да се исуши. По 20 минути измијте го лицето со млака вода, а претходно можете да направите и блага масажа.

Познато е дека содата е одлична за целиот организам, па така и за кожата. Оваа маска ќе делува како благ пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе ѝ овозможите на кожата да дише.

Исто така ќе го отстраните и вишокот маснотии, ќе ја доведете pH вредноста на кожата во ред и ќе ја намалите можноста за појава на акни. Содата има благо антивоспалително и антисептичко дејство, па е одлична во овие денови кога секојдневно носиме заштитни маски кои ја иритираат кожата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e