Македонија е меѓу првите десет земји во Европа по црните статистики од ракот на грло на матката. Годишно заболуваат околу 300 жени. Половина од нив умираат, бидејќи болеста ја откриваат во доцна фаза.
„Некаде во бројки се движи од 16,2 до 23,4 % на 100.000. За да ви кажам колку е тоа многу, ќе ви кажам дека Финска има 3,4% Словенија, 6 до 7%, Полска и Романија, 26% повеќе од нас. Нема некоја врска дури ни со методите со кои се откриваат, наважна е свеста“, вели д-р Горан Димитров.
Ваквите алармантни проценти не се докрај прецизни, бидејќи дел од новодијагностицираните пацинети се одлучуваат за операција или хемотерапија во странство, потенцира Димитров. Според него, жените треба да знаат и дека меѓу главните ризик фактори за појава на рак на грло на матката се цигарите.
Намалување на ризикот и процентот новозаболени и смртни случаи, лакарите гледаат и во зголемување на ХПВ вакцинацијата. Според нив, неоправдан е отпорот кај родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите 12-годишни ќерки. Но, подеднакво се противат и на казните. Сметаат дека тие не се начин за зголемување на свесноста кај граѓаните.
Проценките на светско ниво говорат дека кај секој човек постои ризик од дури 77 отсто да се зарази со ХПВ вирусот во текот на животот.
Извор: Телма