Лековитите својства на жалфијата

Жалфијата одамна е позната на нашите простори као лековита билка. Нашите предци ја користеле за истерување на зли духови, но и за лекување на бројни болести.

Во разни краишта се нарекува со разни имиња – кадуља, калопер, бел џигер, славуља, па дури и бел пелин…

Оваа лековита билка има широка медицинска примена и влегува во составот на бројни лекови. Нејзината лековитост потекнува од испарливите етерични масла и затоа се смета дека е лековито доколку се вдишуваат нејзините испарувања.

Жалфијата е многу лековита билка која расте самоникната по карпи и високи места, но може и да се одгледува.

Нејзините зелени делови се полни со етерични масла кои всушност се носители на лековитоста. Силно мириса ако е „камењарка“ и доколку е изложена повеќе на сонце. Се берат само листовите, па од коренот таа повторно се обновува. Листовите брзо се сушат под сенка, но најлековита е свежата билка. Може да се одгледува и во саксија, но лековитите својства се помали.

Лекува и помага при многу болести: болки во вратот, воспалени крајници, воспалени непца и усна шуплина, воспалено ждрело, прочистува дишни органи, лекува гнојно воспаление на заби, ги јакне непцата и ги зацврстува забите, ја лекува слузокожата на желудникот, ги елиминира цревните проблеми, подуеност на стомак и дијареа, ја прочистува крвта, спречува мозочен удар и делува при одземеност, лекува грчеви, болести на рбетен мозок, тремор, поволно делува на бубрези, црн дроб, мочен меур, мозок, го регулира потењето, намалува нервна напнатост, отстранува гниди од коса.

Ги прочистува органите, лекува воспалено грло, крајници и слузокожа на уста и спречува непријатен здив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e