Калинката е едно од омилените овошја на луѓето, а тоа колку е лековита знаеле нашите предци. Калинката внатре е многу сочна, па освен за јадење многумина сакаат да ја консумираат и во вид на сок.
Иако со години е присутна на нашите пазари, многу од луѓето не знаат дека освен средишниот дел на овошјето во лушпата се наоѓаат многу корисни работи.
Кората од калинката е богата со витамин Ц кој го јакне имунитетот, поволно делува на срцето и крвните садови, еластичноста на кожата и здравјето на забите и коските. Поради големата количина на антиоксиданти, одлично средство е и за спречување на кардиоваскуларни болести.
Чајот од кората од калинка е исто така идеален за детоксикација на телото. Неговата многу важна функција е и одржување на здравјето на системот за дигестија и намалување на различни проблеми со варење на храната.
Како се подготвува чајот од кора од калинка?
За да подготвите чај потребно е малку да ја исушите кората. Доколку немате веќе сува, потребно е да ја ставите на радијатор или на малку загреана плотна од шпорет.
Размерот на кората и водата треба да биде 1:20 што значи 10-12 грама кора на 200 милилитри вода. Доколку размерот е помал, чајот нема да има ефект.
Постапка на подготовка:
Исушената кора ставете ја во шолја од која ќе пиете чај. Кога водата ќе зоврие ставете ја во шолјата и поклопете. Така поклопена чувајте ја 25 минути и испијте го чајот без засладувач.
Пиењето на овој чај се препорачува за олеснување на желудочни и стомачни проблеми. Во случај на такви проблеми напијте се половина шолја чај, а другата половина по 3 часа.
Чајот може да го пиете по четири пати дневно доколку проблемите се посериозни, потоа направете пауза од 7 дена.
Овој чај може да го пиете и доколку сте здрави, но немојте да претерувате.