Консумирањето киви го намалува ризикот од мозочен удар

Kиви е суптропско овошно растение од фамилијата Актинидии. Во Македонија се одгледува главно како дворна овошка, во предели каде што микроклимата е поблага.
Плодот е со ниска енергетска, но со висока диетална и лековита вредност.
Според количината на витамин Ц-портокалот, а во категоријата на овошје богато со калиум, кивито (актинидија) самоуверено ја престигнува дури и бананата!

Ова овошје прекриено со влакненца на својата кафеава кора, со вкусен и сочен зелен плод, експертите често го препорачуваат во текот на зимските месеци бидејќи станува збор за вистинска витаминска бомба, особено кога станува збор за витаминот Ц ( содржи двапати повеќе од портокалот!)

Како што веќе споменавме, единствената мешавина од фитонутриенти, витамини и минерали во ова ароматично овошје, го прави одличен сојузник во борбата против болести на срцето, значително го намалува ризикот од мозочен удар, карцином, болести на дишните органи, и делува како „аспирин“ поради неговото својство да ја разредува крвта без никакви несакани последици.

Консумирањето киви е многу здраво, а само еден плод од ова овошје содржи доволно витамини Ц за да ги задоволи дневните потреби на возрасен човек. Во споредба со лимонот, кој има 40 милиграма Ц витамин, во кивитe има дури од 100 до 400 милиграми Ц витамин во 100 грама плод. Во кивите исто така застапени се и витамините А, Б1, Б2.Кивите содржат калиум, магнезиум и витамин Е, а освен тоа содржат и многу вода и малку калории, така што е многу значајно овошје на секоја диета. Лекарите посебно ја препорачуваат во зима, бидејќи го зајакнува имунитетот и преставува превенција од грип. Кивито е идеална за оние кои имаат висок крвен притисок. Покрај тоа, претставува вистински лек против замор и лошо расположение, честа појава во зимските месеци. Кивите можат да се јадат сирови, но и да се користат за подготовка на овошни салати и торти.

Консумирањето на само две киви секојдневно во текот на сезоните, не чува од болести на срцето и крвниот систем, од мозочен удар, рак и болести на дишните патишта- истакнуваат експертите за здрава храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e