Компирот е една од најздравите намирници, само приготвувајте го со свинска маст

Поради разни трендови во исхраната или од незнаење компирот е неправедно обвинет дека не е здрав.

Ако погледнете во составот на компирот, ќе сфатите дека тој е еден од најздравите зеленчуци. Дури и повеќе од тоа: ако хипотетички, треба да изберете само една намирница која ќе вклучува 100 проценти од вашата исхрана, компирот би можел да биде најдобар избор.

Малкумина знаат дека компирот содржи многу високо ниво на протеин (за разлика од житариците и мешунките).

Компирот содржи многу минерали и е богат со магнезиум, бакар и калиум кои се важни за здравјето на срцето. За компирот ретко се размислува како за извор на витамин Ц, па затоа многумина се изненадени кога ќе слушнат дека само 100 грама печени компири (без лушпа) ги задоволуваат 20 –те % од дневните потреби за витамин Ц.

Се разбира, ова се однесува само ако компирите не се пржат во сончогледово масло и други масла.

Генерално, најдобро е да се избегнува пржењето, или пак веќе ако пржите тоа сторете го со кокосово масло или на стариот добар начин, со свинска маст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e