Вирусот трае најдолго на пластика и челик, но што се случува со нашата облека?
Медицински експерт објасни колку долго корона вирусот може да живее на нашата гардероба и што најдобро можеме да направиме за да ја дезинфицираме облеката што ја носиме.
Сè уште има многу работи што не ги знаеме за вирусот корона, а непознато е и колку се задржува на површините. Истражувачите од Националниот институт за алергија и заразни болести во Монтана анализирале колку вирусот корона останува на картон, челик и пластика.
Нивната анализа откри дека вирусот може да преживее и до 4 часа на бакарни површини, и до 24 часа на картон.
Сепак, најдолго може да трае на пластика и нерѓосувачки челик, до 3 дена. Но, што е со облеката?
Докторот Акаш Пател, општ лекар и медицински директор на Клиниката „My Health Care“, објасни дека сè уште не е познато колку време вирусот може да живее на ткаенина.
Во моментов нема доволно истражувања за да се каже со сигурност колку долго ќе преживее вирусот корона на облеката.
Некои првични истражувања сугерираат дека вирусот може да живее подолго на површини како метал и пластика. Но нема јасни податоци за пoвpшини како ткаенина. Како и да е, веројатно вирусот нема да преживее долго на меките површини – заклучи Пател. Тој не советува да ја миеме облеката на највисока температура што се дозволува на декларацијата.
Исто така, се советува дека гардеробата што сте ја носеле надвор кога ќе се вратите дома треба да ја соблечете веднаш по пристигнувањето и убаво да се истресе на терасата.