Колку пати во неделата треба да јадете риба за да го зачувате здравјето на мозокот?

Рибата се смета за суперхрана бидејќи го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболување и го чува здравјето на мозокот.

Рибата ги содржи сите хранливи материи кои одат во процесот на раст и развој, како што се протеини, омега 3 масни киселини, калциум, железо, цинк, јод, витамини Б, А, Д и Е.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека само со внесување на риба еднаш неделно помага да се зачува сивата маса на мозокот, која е одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест.

Меѓутоа, лекарите велат дека не треба да претерувате со консумирање на риба поради една нуспојава, а тоа е поради живата која се наоѓа во рибата.

Живата се акумулира во рибата, а прво ја апсорбираат фитопланктони или алги, потоа ја консумираат помали морски животни, а на крај и поголемите риби.

Зошто ова претставува проблем?

Живата е метал кој може да го оштети централниот нервен систем или мозокот и `рбетниот мозок. Ако јадете повеќе риба, може да внесувате премногу жива, а ова има негативни последици по вашето здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e