Многумина од нас го започнуваат денот со утринско кафе и притоа никој не обрнува премногу внимание на тоа како кофеинот влијае на нашиот метаболизам.
Сепак, време е да се соочиме со реалноста – ризици постојат, па никогаш не е на одмет да дознаеме нешто плус за тоа кога и во колкава количина е најсоодветно да се пие кафе.
Многу експерти посочуваат дека ако припаѓате на оние луѓе кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден – претерувате. Оптимално е 2-3 шолји.
Ако чувствувате анксиозност, имате проблем со несоница и сте раздразливи – многу е можно да сте преосетливи на кафе.
Препорачаната доза на кофеин е 200-300 мг, што е шолја или две на ден. Ако не пиете кафе – советот на експертите е и да не почнувате, а ако сакате, бидете умерени, тоа е клучно во сè, па и во пиењето кафе.