Одгледувањето кромид може да биде многу интересен и успешен процес, особено ако ги примените методите што ги користат кинеските земјоделци, познати по тоа што постигнуваат исклучително високи приноси. Овој начин на садење не само што помага да се заштити кромидот од скапување, туку овозможува и формирање крупни, цврсти и вкусни главици. Токму затоа, кинескиот метод станува сè попопуларен меѓу земјоделците ширум светот.
Која е, всушност, тајната на оваа техника?
Во традиционалното градинарство, кромидот најчесто се сади во бразди што се прават на рамни леи. Кинескиот начин на одгледување предлага поинаков пристап: на греди се формираат издигнати гребени во кои потоа се сади кромидот. Благодарение на тоа, земјата побрзо се загрева под влијание на сонцето, што поттикнува поинтензивен раст на билките и поволно влијае врз развојот на кромидот. Како што созрева кромидот, главиците делумно се појавуваат над земјата, што го подобрува проветрувањето и го намалува ризикот од скапување.
Подготовка и садење кромид по кинески метод
1. Формирање гребени
Најпрво, треба да ја прекопате гредата, а потоа да формирате долги издигнати гребени. Ваквиот начин на садење му овозможува на земјиштето да добие повеќе светлина и топлина, со што се подобрува исхраната на билките и го забрзува развојот на главиците.
2. Правилно растојание
При садењето кромид на подигнати греди, помеѓу секоја главица треба да се остави растојание од околу 6-7 сантиметри. Истовремено, помеѓу самите гребени се препорачува растојание од приближно 17-20 сантиметри, за да имаат билките доволно простор за развој.
3. Покривање и наводнување
По садењето, луковиците треба комплетно да се покријат со земја, водејќи сметка слојот земја да биде рамномерен. Потоа, треба добро да се наводнат гредите, за да продре водата подлабоко во почвата и да стигне до коренот на билките.
Совети за успешно одгледување крупен кромид
1. Не го отстранувајте зелениот дел од билките
За разлика од некои традиционални методи, при оваа техника не се препорачува корнење или скратување на зелените листови на кромидот. Таквата постапка може да го наруши процесот на формирање луковици да го забави нивниот раст.
2. Редовно наводнување и нега
Важно е постојано да ја следите влажноста на почвата. Земјата не би требало комплетно да се исуши, особено за време на топлите и суви денови.
3. Контрола на плевелот и штетниците
За време на вегетацијата, треба повремено да се прегледуваат билките за да се отстрани плевелот навреме или да се воочат евентуалните штетници што би можеле да го загрозат развојот на кромидот.
Примената на кинескиот метод на садење може значајно да го зголеми приносот, но и да го подобри квалитетот и вкусот на кромидот. Поради својата едноставност и ефикасност, оваа техника е погодна е и за почетници и за искусни градинари. Доколку сакате богат и здрав род на кромид, вреди да го испробате овој интересен и практичен пристап во вашата градина.
