Ким – зачин за топење на салото

Научните студии потврдуваат дека редовното консумирање на ким го топи непосакуваното сало и до 3 пати побрзо отколку било која друга намирница.

Кимот се користи во човековата исхрана со векови и има многу благотворни својства врз нашиот организам, но ефектот кој го дава кај слабеењето и забрзувањето на метаболичките процеси е немерлив со било што друго, тврдат спроведените студии.

Овој зачин е богат сo етерични масла кои придонесуваат за смирување на желудочната флора и ја намалуваат надуеноста и гасовите во стомакот и гастроинтестиналниот тракт. Кимот ја подобрува работата на желудникот и поттикнува варење. Покрај етеричните масла, тој е многу богат и со антиоксиданси кои го штитат нашиот организам од штетните влијанија, но помагаат и во апсорбпција на лошиот холестерол и губење на вишокот масти во телото.

Зачинот е богат и со протеини, калциум, танини и растителна слуз кои заедно побрзо и поефикасно ги исфрлаат токсините од организмот и помагаат во забрзувањето на метаболичките процеси.

Чајот од ким има бројни позитивни дејства: го освежува здивот, помага во смирување на кашлица, го смирува дигестивниот тракт, спречува кардиоваскуларни болести, спречува развој на бактерии, помага кај артритис и реума, спречува појава на првут, ги ублажува менструалните тегоби, ја подобрува работата на мозочните клетки и ги ублажува симптомите на стрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e